More

    Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска добија предупредување да не ја пијат водата од поделените шишиња, откако на некои луѓе им се слошило и постои сомневање за контаминација

    spot_img

    Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска добија предупредување да не ја пијат водата од поделените шишиња, откако на некои луѓе им се слошило и постои сомневање за контаминација.

    „Од вас се бара да не пиете од шишињата со вода во просториите на ЕП во Стразбур“, се наведува во итната СМС порака испратена до илјадници политичари и вработени, пренесе Политико.

    Во СМС пораката има и контакт број за медицинска помош „во случај на изложеност“ и се наведува дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола.

    Прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека надлежните се информирани за сѐ.
    „Во тек се проверки“, напишаа од прес-службата, додавајќи дека пораката е испратена како мерка на претпазливост.

    Официјален претставник на ЕУ рече дека повеќе луѓе се разболеле откако пиеле флаширана вода, веројатно од лошо измиени стаклени шишиња, пишува Политико.

    „Добро е што пиев вино“, се пошегува еден функционер на ЕУ.

    Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто тоа е водата од чешмите.

    Во 2021 година, покојниот претседател на парламентот Дејвид Сасоли ја отфрли идејата дека фатил легионерска болест од водата во зградата на институцијата во Стразбур.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img