More

    Пратениците ги изгласаа законските измени

    spot_img

    Собранието на денешната седница ги усвоија законските измени во Зконот за облигациски односи и Законот за извршување. Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

    Сегашното решение од 10 години застареност им оставаше простор на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а должникот да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата која во одредени случаи можеше да биде и повеќекратно повисока од долгот.

    Во досегашниот Закон за облигациските односи беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност. Со измените на Законот, се врши измена на оваа одредба со тоа што рокот за застареност се скратува на пет години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), зашто има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата, се наведува во текстот.

    Целта е, се додава, да се намали злоупотребата на правата, односно да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.

    Со постојниот член од законот се создава правна несигурност односно одредбата од членот е нејасна во делот за тоа дали извршната исправа застарува за 10 години, како апсолутен рок на застареност.

    Заради целисходност на одредбата потребно е да биде внесен нов став кој ќе го појаснува овој дел, при што предлог е застареноста да може да биде прекината само во случај на наплата и реализација на дел од побарувањето, а не со само превземено дејствија на Поднесено барање за извршување, Изготвен налог и слично, а општиот рок на застареност на веќе отпочната извршна постапка да биде 10 години од поднесеното Барање на извршување, појаснуваат пратениците од СДСМ кои се подносители на Законот.

    Измените, пак, на Законот за извршување предвидуваат поголема заштита на граѓаните.

    Постојниот начин на извршување поради неможност за исплатата на каматата на долгот определена во извршната исправа остава простор за нарушување на егзистенцијата на голема група граѓани кои во постапката на извршување се јавуваат како должници. Оваа состојба е алармантна и неопходна за регулација и состојба за која интервенираат граѓаните и други институции во државата, кои заради природата на проблемот и неговиот опсег е потребно законски да се регулира во делот на висината на износот на неисплатената казнена камата, која не ретко го надминува и износот од главниот долг. Заради законска заштита на граѓаните како странки, учесници во постапката за извршување кои имаат својство на должници и уредување на оваа област, се предлага изменувањето на Законот за извршување, се наведува во образложението на законските измени

    Пратениците денеска, во рамки на 120. седница, го поддржаа и донесувањето на законот за данокот на солидарност по скратена постапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img