More

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, со апел до парламентарното мнозинство да не ја одолговлекува темата за измена и дополнување на пасошите

    spot_img

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, со апел до парламентарното мнозинство да не ја одолговлекува темата за измена и дополнување на пасошите.

    Тој потсети дека на 12-ти февруари неговата пратеничка група има поднесено Предлог на Закон за измена на важењето на патните исправи со Република Македонија кои што се валидни и се бара смена само на еден датум.

    Датумот 12.02.2024 година да се замени со датумот 31.12.2024 година.

    – Овој хаос којшто е создаден со пасошите намерно или случајно од претходниот министер Оливер Спасовски станува преголем товар за граѓаните, чиишто слободи и права за движење се драстично повредени, но исто така се повредени и нивните потреби за посета во странство, лекување, образование, семејни обврски и слично. Дури 650.000 граѓани на Република Македонија се затворени во Република Македонија, без право да излезат од државата со што се прекршува членот 27 од Уставот на Република Македонија кој што гарантира слободно излегување од Република Македонија и се прекршува Европската конвенција за човекови права и слободи, членот 2 кој што ја дава истата гаранција. Овие правни акти се со повисока правна важност од Законот кој што бараме да се смени – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Милошоски апелира на разум до пратениците од СДСМ и ДУИ, овој проблем кој што го креираа и секој ден станува се поголем, како што вели, да бидат човечни, да се надмине „со една мала, но многу битна измена на Законот за пасоши исто како што го направивме со возачките дозволи и им го олеснивме животот на граѓаните кој што претходно беше загрозен со некои несовесни законски решенија“.

    – Она што ни е кажано од Собранието е дека овој Предлог закон поднесен од ВМРО-ДПМНЕ пред 10 дена се уште е на превод, но навистина сме зачудени што има толку да се преведува во преведувањето на датумите. Ние бараме датумот 12.02.2024 година да биде заменет со датумот 31.12.2024 година. Се гледа дека и сегашниот Претседател на Собранието не одлучува сам, веројатно во негово име одлучуваат Талат Џафери и Бујар Османи кои што се против решавање на овој проблем кој што го имаат граѓаните. Затоа, апелирам и преку Вас медиумите, ова законско решение што побрзо да се најде на собраниска седница, имаме Барање за итна седница, има закажано седница на 28-ми февруари, кога и да сметаат дека е згодно, но што е можно побрзо, да го решиме овој секојдневно растечки проблем – порача Милошоски.

    Слична порака испрати и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

    Тој побара мнозинството и претседателот на Собранието итно да ги најдат измените на Законот за патни исправи, кои ги поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да се донесат на итна седница.

    Мицевски присуствуваше на средбата со дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова и претставници на бизнис секторот од Штип. Тој посочи дека доколку нема можност за итна седница, во тој случај на 28 февруари пратениците имаат седница, на која можат да ги донесат измените на овој Закон.

    – Меѓутоа интересно е тоа што законот за патни исправи, иако се однесува на измени, исто како и за законот за возачки дозволи, е да продолжи неговото важење до 31.12. 2024 година, со што би се релаксирала состојбата по однос на издавањето и добивањето на патните исправи. Би се ускратила можноста за повреда на членот 27 од Уставот во делот на слобода на движење на граѓаните, со што има повреда и на меѓународни и европски конвенции и декларации за движење. Законот за жал е заглавен некаде во лавиринтите во Собранието и апелирам до претседателот на Собранието и владејачкото мнозинство, итно да се најде законот и да го стават на итна седница. Доколку нема можност за итна седница на 28 февруари, за неколку дена имаме седница на којашто би можело да ги направиме и овие измени. Доколку не е прифатлив тој Закон поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, им предлагам да поднесат, ист идентичен таков Закон, којшто ние ќе го поддржиме – изјави Мицевски.

    Тој додаде дека граѓаните имаат проблеми кои се предизвикани од, како што вели, Владата во заминување.

    Иако на 12 февруари како пратеничка група, но и мнозинството на пратеници  поднеле барања за итна седница за измените на законот за безбедност во сообраќајот, односно за возачките дозволи, ги поддржале истите законски решенија доставени од владејачката коалиција со цел, како што рече, да не играат политиканство и да се реши проблемот на граѓаните. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img