More

    Пожарникари не треба да обезбедуваат скопски училишта

    spot_img

    Секое ангажирање на Противпожарната бригада на Град Скопје на задачи надвор од законот и нејзината надлежност го доведува во опасност главниот град на државата и ќе ја загрози основната заштита од пожари, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски за идејата пожарникари да ги обезбедуваат средните училишта во Скопје.

    – Доколку пожарникари обезбедуваат училишта, не може да се оствари брза интервенција на ППБ на Градот Скопје, со што ќе се загрози безбедноста на граѓаните од пожари, поплави и други евентуални непогоди каде пожарникарите имаат законски овластувања да постапуваат и реагираат. Согласно кој закон тие имаат надлежност да обезбедуваат објекти, имоти и лица, а најмалку пак ученици и како ќе користат методи, опрема и други средства за обезбедување кога за тоа немаат законски овластувања – оценува Ѓуровски.

    Според него, идеите државата и Градот Скопје да формираат Агенции за своите потреби се во најмала рака несериозни и спротивни на поставеноста на безбедносниот систем и надлежностите согласно Законот за обезбедување на имоти и лица.

    – Градот Скопје има 23 средни училишта, а во смена во ППБ на Скопје се 36 пожарникари, односно вкупниот ППБ на Град Скопје вкупно брои 192 припадници. Секое механичко играње со бројки и нивно прераспоредувале на нови задачи може да го доведе во прашање основното функционирање на градот во заштитата од пожари – смета Ѓуровски.

    Тој оценува дека заканите и телефонските јавувања за наводно поставување на бомби во училиштата претставува сериозен проблем и има за цел да шири паника меѓу населението.

    – Само преку навремено информирање и десукиритизација на овој проблем може да ги успокои граѓаните, младите и да овозможи услови за непречена истрага од страна на МВР и истражните органи. Кога станува збор за безбедноста нема простор за импровизации и гимнастички идеи зошто современите системи каде припаѓаме за се имаат процедура, постапка и начин како да се справат – додава Ѓуровски.

    Тој воедно нагласува дека овој негов став нема за цел да навлезе во политичките игри на Градот Скопје и нејзиниот градоначалник, туку да биде предупредување за размислување, бидејќи со безбедноста како и со огнот нема играње.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img