More

    Повредено дете е спасено од урнатините по турскиот земјотрес

    spot_img

    Екипите за пребарување и спасување спасија повредено дете и го извлекоа од под урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција, јавува Анадолија.На видеото може да се видат екипи за пребарување и спасување како носат повредено дете на носилки во населбата Јурт во јужната провинција Адана.

    Најмалку 76 лица загинаа, а 440 се повредени како последица на разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ги погоди јужните региони на Турција, а се почувствува и во Сирија и Либан.

    Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик Кахраманмарас, по што следеле 42 последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

    Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

    Во операциите за пребарување и спасување се ангажирани сите надлежни служби, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат екипи од сите делови на државата.

    Преку Министерството за надворешни работи Турција побара меѓународна помош во областа на потрагата и спасувањето.

    Сириската новинска агенција САНА јавува дека најмалку 20 згради се урнале во Алепо, делот кој е под контрола на режимските сили на Башар ал Асад, а животот го загубиле 42 лица, додека најмалку 200 се повредени. Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека досега се потврдени до 200 загинати, а бројот на повредени надмина 600.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img