More

    Повеќе од 210 Украинци се убиени, а над 1.100 се ранети откако Русија ја почна инвазијата врз Украина

    spot_img

    Повеќе од 210 Украинци се убиени, а над 1.100 се ранети откако Русија ја почна инвазијата врз Украина, соопшти денеска Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, пренесе Укринформ.

    – На почетокот на четвртиот ден од војната, повеќе од 210 украински граѓани беа убиени, а повеќе од 1.100 се ранети – изјави комесарката за човекови права на украинскиот Парламент, Лидмила Денисова, која додаде дека од почетокот на руската инвазија секојдневно се регистрираат цивилни жртви.

    Според Народната правобранителка, непријателот со невидена досега бруталност уништува куќи, болници, градинки и училишта, лишувајќи го правото на живот на синовите и ќерките на украинската земја, дури и на децата.

    – Не постои ниту една норма на акт на меѓународното хуманитарно право што Русија не ја прекрши за време на нејзината окупација на Украина. И за сите овие злосторства мора да сноси најстрога одговорност. Украина ги евидентира сите факти и ќе ги поднесе пред воениот трибунал во Хаг – рече Денисова.

    Украинската омбудсманка ги повика меѓународната заедница и украинските партнери да продолжат да ги зајакнуваат економските и финансиските санкции против Русија за итен прекин на непријателствата и геноцидот врз украинскиот народ.

    – Ние сме ви благодарни за одлуката да го исклучите агресорот од плаетжниот систем СВИФТ. Следниот чекор треба да биде воведување зона на забранети летови над Украина, што ќе помогне да се избегнат воздушните напади врз цивилни цели. Украина се бори! Украина ќе победи – рече Денисова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img