More

    Повеќе од 1.000 повици за помош до ЦУК

    spot_img

    По обилните поројни врнежи од дожд и силниот ветер од 70 километри на час, што вчера попладне го зафатија Скопје, досега се сумирани податоци од над 1.000 повици за итни ситуации на единствениот телефонски број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 180 до 200 повици ги координираше ЦУК, а другите 800 пријави ги реализираа субјектите од Системот за управување со кризи.

    Како што информира ЦУК, до 13 часот регистрирани се вкупно 95 паднати дрвја и 121 поплавена просторија од објекти. Според повиците, до 13 часот има пријави за 23 оштетени возила, 20 улици и подвозници се поплавени, а 27 оштетени и поплавени гаражи.

    Регистрирани се вкупно 47 оштетени и паднати покривни конструкции, има пет скинати проводници, навалени бандери дуги проблеми со струја и еден поплавен дуќан и машини.

    – Сите овие пријави и проблеми за нивно решавање по приоритет беа проследени до БППЗ, Град Скопје, ДЗС, Општините и Јавните претпријатија во Градо – соопшти ЦУК.

    БППЗ на Град Скопје, како што се наведува, по невремето со нивни екипи интервенирале во 10 случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места на скопските сообраќајници.

    Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираа дека вечерта и ноќта со цистерни и вакуум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници ) и исто така по пријави на граѓани на уште четириесетина други места. Според нив, утрово состојбата е нормализирана.

    Од ЕВН соопштија дека дефектите во електросистемот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети.

    Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП „Скопје“ од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвивива нормалнo.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img