More

    Земјотрес го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море во близина на брегот на Турција

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска напладне го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море во близина на брегот на Турција, јави „Катимерини“.

    Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот е регистриран во 13 часот и 10 минути по локално време. Неколку минути претходно, во 12:56 часот, областа ја погоди малку послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Во 13:19 часот имаше трет, многу послаб земјотрес со јачина од три степени.

    Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од селото Питагора на Самос, на длабочина од 12,8 километри.

    За земјотресот известија и турски сеизмолошки извори.

    Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

    Земјотресот беше силно почувствуван и во Туркије, особено во Кушадаси, Измир и во Мугла, каде предизвикал паника меѓу населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img