More

    Директен судир со членка на НАТО за да се направи руска „санитарна зона“

    spot_img

    Во случај Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија, „санитарна зона“ би можела да помине и низ територијата на Полска, предупреди заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

    – Ако вака продолжи, безбедносната зона ќе биде некаде на границата со Полска или дури и во самата Полска – напиша Медведев на Телеграм.

    Ракетите „Storm Shadow“, кои Западот ги доставува до Киев, имаат дострел на напад од најмалку 550 километри, а растојанието меѓу Белгород и Киев е 429 километри, потсети Медведев.

    – Се чини дека моронските стратези на НАТО отворено сакаат речиси цела Украина да биде под контрола на Русија. Затоа на луѓето од владата на Бандер им даваат оружје со зголемен дострел – заклучи Медведев и ги повика западните лидери да го „пресметат дострелот“ на оружјето што му беше доставено на Киев.

    Претседателот на Русија, Владимир Путин, пак, вчера  изјави дека поради безбеден живот на руските граѓани ќе се направи т.н санитарна зона, односно безбедносна територија од која непријателската војска не можела да ја нападне територијата на Русија.

    Вчера, Украина погоди складишта за гориво, нафтени постројки и електрана во југозападна Русија и на Крим, украинскиот полуостров окупиран од Москва во 2014 година. Руското Министерство за одбрана преку Телеграма соопшти дека се пресретнати повеќе од 100 беспилотни летала. Еден ден претходно Украина истрела проектили кои погодија аеродром на Крим. Нападите со беспилотни летала дојдоа откако руските сили напредуваа во североисточна Украина минатата недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img