More

    Потребна е поголема поддршка на рударството

    spot_img

    „Булмак 2016″, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од „Злетово” и „Тораница”до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.

    Тој информира дека во двата рудника работат 800 лица и во овој период целокупниот човечки потенцијал е максимално фокусиран во изнаоѓање решенија за рационализација на трошоците.

    -Во континуитет ги следиме настаните и трендовите од кои ни зависи деловната активност и следствено на анализите кои ги правиме и од добиените резултати , креираме соодветни деловни политики за ублажување на штетите. Во таа смисла, секако дека очекуваме и националните органи и институции, во нивниот домен, да ја вршат улогата на креатори на национални политики и стратегии со кои на директен начин ќе биде поддржана гранката рударство која преставува еден од поголемите извори на приходи во државниот буџет – рече  Мојсоски.

    Азески, пак, рече дека  рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност и затоа Комората ќе го отвори прашањето за реорганизација на надлежните институции за овој сектор.

    – За да се подигне нивото и значење на рударскиот сектор, потребно е формирање на ново министерство за рударство и енергетика, да се изготви долго очекуваната стратегија за развој на рударството, како и преиспитување на законската регулатива која ги уредува издавањето на дозволите за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини – рече Азески.

    Компанијата „Булмак 2016″ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img