More

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГОРАН МИСОВСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ОД ШТИП ДОДЕЛИ ПЕХАР НА ПОБЕДНИЦИТЕ ВО ФИНАЛЕТО НА „ИМАМ СТАВ!“

    spot_img
    Потпретседателот на Собранието го додели пехарот на учениците од средното училиште „Јане Сандански“ од Штип, кои се победници на новото издание на едукативната активност „Имам став!“, кое се одржа во текот на месеците октомври и ноември.
    Со ова, учениците од Јане Сандански успеаја да триумфираат во својот дебитантски настап во едукативната активност.
    Во финалниот настан кој се одржа денеска во салата Борис Трајковски на Собранието се натпреваруваа средните училишта Јане Сандански од Штип, Орце Николов од Скопје (второ место) и Васил Антевски – Дрен од Скопје (трето место), при што се дискутираше на три теми: 1. Прекумерната употреба на Интернетот и социјалните медиуми од страна на младите; 2. Безбедноста во патниот сообраќај; и 3. Борбата со феноменот на лажни вести (fake news).
    „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација.
    Следната сезона на „Имам став!“ е планирано да се одржи во октомври 2022 година.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img