More

    Потпретседателката на Аргентина избегна атентат

    spot_img

    Потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер, за влакно избегна атентат откако куршум се заглавил во цевката додека маж држел вперен пиштол во неа.

    Атентаторот е уапсен.

    Кристина Фернандес де Киршнер ги поздравуваше поддржувачите пред нејзиниот дом кога еден маж излезе од толпата и и впери пиштол во лицето.

    Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но куршумот се заглавил во цевката кога атентаторот го повлекол чкрапалото.

    Откриен е идентитетот на напаѓачот, а се работи за бразилскиот државјанин Фернандо Сабаг Монтијел (35). Тој беше приведен од аргентинската федерална полиција.

    Мажот двапати се обидел да го повлече чкрапалото, но пиштолот не пукнал.

    Кристина Фернандез де Киршнер беше претседател на Аргентина од 2007 до 2015 година, пред да ја преземе функцијата потпретседател во 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img