More

    Поранешната девојка го тужи музичкиот могул Диди

    spot_img

    Славниот рапер Диди е обвинет од неговата поранешна девојка за силување, насилство и принудување на односи со машки проститутки. Музичарот негира сè.

    Музичкиот магнат и рапер Шон Комбс, попознат како Диди, е обвинет за страшно злоставување од поранешната девојка Кеси.

    Тие беа во врска од 2005 година, кога Кеси сè уште беше тинејџерка, до 2018 година. Пејачката тврди дека живеела кошмар – раперот наводно ја силувал, ја малтретирал и ја терал на односи со машки проститутки, а потоа тоа го снимал.

    „Ме контролираше, ме тепаше, ми даваше дрога, а потоа ме принудуваше да имам односи со неколку машки проститутки додека гледаше или снимаше. Кога му кажав дека е готово, упадна во мојата куќа и ме силуваше“, раскажува Кеси.

    Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, вели дека нејзината прва средба со сексуалните работници била кога Диди и рекол дека ако ја види со друг маж тоа ќе го возбуди.

    „Изнајми повеќе од нив и ме принудуваше на односи. Ми наредуваше што да им правам, а тој гледаше и се самозадоволуваше. Морав да земам дрога во текот на тие ужасни средби за да се исклучам од реалноста”, вели Кеси.

    Во другиот дел од тужбата, таа тврди дека тој ја тепал во еден хотел, а дека Диди му платил на персоналот 50.000 долари за да ги предаде снимките од безбедносните камери на кои се гледа насилството.

    Тужбата е поднесена во Федералниот окружен суд во Менхетен, а Кеси понатаму тврди дека Диди и понудил „осумцифрена компензација“ за да ја спречи да излезе во јавноста со детали за нивната врска.

    „Одбив за да им дадам глас на сите жени кои страдаат во тишина. Конечно сум подготвена да ја раскажам својата приказна, за да се одбранам себеси и другите жени кои се соочуваат со насилство во врската“, рекла пејачката.

    Диди (54) ги негира сите обвинувања и ги нарече „навредливи и невидени“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img