More

    Како изгледаше инаугурацијата на Путин?

    spot_img

    Русија е подготвена да работи со Западот и „ние дури не одбиваме дијалог со западните земји“. Вака порача рускиот претседател Владимир Путин на денешната инаугурација во Москва. Тој вели дека Русија е подготвена да стане „чесен“ партнер со секој што сака.

    Додека повеќе од 20 европски земји ја бојкотираа инаугурацијата, седум земји, меѓу кои Словачка, Унгарија и Франција испратија претставници. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не е во војна со Русијa коментирајќи го настанот.

    Армиски плотуни го означија новото шестгодишно владеење на рускиот лидер. На инаугурацијата меѓу другите пристигнаа неговите пријатели: чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, холивудскиот глумец Стивен Сегал, лидерот на „Ноќните волци“ Александар Залдостанов познат и како “„хирургот“.

    Руските производители на автомобили за оваа пригода го адаптираа претседателскиот автомобил Аурус Сенат, а на пат кон палатата на Кремљ, претседателската лимузина беше придружувана од новите електрични мотоцикли Аурус.

     

     

     

     

     

    Путин положи заклетва.

    – Ќе видиме дали ќе продолжат да го запираат развојот на нашата земја и да продолжат да вршат притисок врз нашата земја или да бараат начини да соработуваат со нас.

    Свежо инаугурираниот претседател го завршува својот говор:

    – Ќе направам сè што е можно, сè што е во моите можности за да ја оправдам вашата доверба. Ние сме единствена и голема нација и заедно ќе ги надминеме сите пречки и ќе спроведеме и реализираме сè што сонуваме. Заедно ќе победиме.

    Според системот во Русија  претседателот Владимир Путин ќе го именува премиерот откако Државната Дума ќе ја одобри кандидатурата во рок од две недели.

    Новиот премиер ќе го изнесе својот став за структурата на извршната власт, а потоа на Државната дума ќе ѝ предложи кандидати за вицепремиери и министри, освен шефовите на безбедносниот сектор и на Министерството за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img