More

    Полска нема да испраќа авиони во Украина

    spot_img

    Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО. Дека земјата нема такви намери, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох.

    – Ако е потребна одлука за испраќање авиони во Украина, мора да има договор во целото НАТО. Не сум слушнал ништо за никакво зелено светло од НАТО за таква одлука. Нема одлука за потенцијално испраќање авиони во Украина – изјави Милер синоќа за ТВ Полсат.

    Милер, повторно ја демантираше веста дека украински борбени авиони би можеле да полетаат од територијата на Полска, наведувајќи дека „нема ништо такво“.

    Можеби ќе ве интересира

    Шефот на Бирото за национална безбедност, Павел Солох денеска за приватната полска телевизија N24 изјави дека кога се во прашање борбените авиони, нема никакви одлуки.

    – Како што потврди Владата, не планираме да ги испратиме – истакна Солох.

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара авиони од соседите и земјите од НАТО како дел од помошта за испорака на оружје за Украина.

    Дел од медиумите објавија дека авиони-ловци од руско производство може да испратат Полска, Словачка и некои други источноевропски земји, како и неофицијални информации дека Полска прво бара гаранции дека ќе мора да добие Ф-16 од САД во замена за авиони донирани на Украина, но официјална Варшава ги демантираше таквите наводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img