More

    Полска ќе дозволи распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија

    spot_img

    Полска е подготвена да биде домаќин на нуклеарно оружје доколку НАТО одлучи да го распореди оружјето спроти Русија која, пак, го засилува своето вооружување во Белорусија и Калининград, рече полскиот претседател, Анджеј Дуда, во интервју објавено во понеделникот, пренесува „Гардијан“.

    Калининград беше отсечен од Москва кога Литванија стана независна за време на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

    – Доколку нашите сојузници решат да распоредат нуклеарно оружје на наша територија како дел од нуклеарното споделување, за да го засилат источното крило на НАТО, ние сме подготвени да го сториме тоа – рече Дуда во интервјуто објавено од весникот „Факт“.

    Дуда зборуваше за полските медиуми по посетата на Њујорк, каде одржа состаноци во ОН и разговараше за војната во Украина со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во март тој го посети Вашингтон, каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

    Дискусиите за нуклеарната соработка меѓу Полска и САД се во тек „по некое време“, рече тој.

    – Веќе неколку пати зборував за ова. Морам да признаам дека кога ме прашаа за тоа, изјавив дека сме подготвени – изјави Дуда.

    – Русија се повеќе го милитаризира Калининград. Неодамна го премести своето нуклеарно оружје во Белорусија – додаде тој.

    Во јуни 2023 година, Владимир Путин потврди дека Русија испратила тактичко нуклеарно оружје во Белорусија , која граничи со Украина и Полска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img