More

    Полициски службеници, вчера и денеска, во посебни акции извршија претреси низ неколку градови од државата, при што се приведени 16 лица и пронајдени се кокаин, амфетамин, марихуана, други видови дрога, пиштол, пари и други предмети

    spot_img

    Полициски службеници, вчера и денеска, во посебни акции извршија претреси низ неколку градови од државата, при што се приведени 16 лица и пронајдени се кокаин, амфетамин, марихуана, други видови дрога, пиштол, пари и други предмети.

    Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, акции се извршени во Скопје, Велес, Гостивар, Охрид и во други градови, при што во два претреси во главниот град се пронајдени над 2 килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол, како и три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 1,5 килограми.

    При претрес денеска во домот на лицето Г.Ц.(31) од Скопје, тој и лицето А.Н.(19) се лишени од слобода поради пронаоѓање на над 2 килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол.

    По претходно добиена судска наредба, денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во домот на  Б.А.(25) од Скопје, при што пронајдоа три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 1,5 килограми.

    Покрај главниот град, денеска во Велес полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Велес, бидејќи при  претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.

    Во Гостивар, вчеравечер, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи во Гостивар, при претрес во неговиот дом, ги лишиле од слобода 23-годишниот гостиварец С.Т. и 19-годишната Ј.В. од Република Србија, поради пронаоѓање на марихуана и кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци.

    Полициски службеници од СВР Охрид, вчера го лишија од слобода В.Н.(37) од Охрид, откако при претрес на неговиот дом  биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

    Полициски службеници на СВР Тетово, вчера на улица Радован Цониќ во Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот Ш.А. од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

    На подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ја лишиле од слобода А.Н.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети.

    Во скопското село Кондово денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Н.(23) од село Кондово, затоа што кај него бил пронајден и одземен канабис.

    Во подрачјето на Кисела Вода, вчера, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

    Вчера, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

    Во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево, го лишиле од слобода Н.В.(30) од село Црвевци, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

    Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип, вчера, го лишиле од слобода Ј.П.(45) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка, две дигитални ваги и пари.

    Министерството за внатрешни работи и во наредниот период  продолжува со интензивните акции за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img