More

    Полицијата во Риека заплени кокаин вреден над 20 милиони евра

    spot_img

    Заплената на 745 килограми кокаин во пристаништето во Риека, вредна повеќе од 20 милиони евра, е најголемата заплена во историјата на хрватската полиција и царина кога се зборува за масовност, беше речено на прес-конференција во Управата на полицијата на среда.Шефот на полициската национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПНУСКОК) Марио Ковач истакна дека заплените што ги направиле царината и полицијата во изминатите три до четири месеци се импресивни, додавајќи дека дел од овие заплени спаѓаат во категоријата десет најголеми во Хрватска.

    „Уште еднаш докажавме дека како безбедносни сили сме подготвени да одговориме на исклучително комплицираните предизвици, што дефинитивно е оваа форма на организиран криминал“, додаде тој.

    Андреј Франуловиќ, раководител на регионалната царинска испостава Риека, истакна дека последната заплена не е изолиран случај и дека заплените траат подолго време.

    „Царинската управа во соработка со полицијата во последните четири месеци спроведуваше редовни активности со цел сузбивање на шверцот на дрога, а акцент беше ставен на сообраќајот на контејнери кои пристигнуваат на пристаништето. Направивме пет контроли со службено куче и технички средства со кои располагаат полициските службеници и царинските службеници“, изјави Петар Јуратовац, помошник директор на Секторот за мобилни единици во Царинската управа.

    Тој истакна дека се запленети 745 килограми кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 20 милиони евра.

    „Ова не е крајот. Се уште се вршат насочени извидувачки дејствија во насока на натамошни истражни дејствија“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img