More

    Погледнете зошто е опасно да ги триете очите со рацете

    spot_img

    Луѓето често ги тријат очите по долг, напорен ден или затоа што се уморни. Сепак, лекарите велат дека ова никогаш не е добра идеја. Како што објави The Sun, честото триење на очите може да доведе до опасни инфекции и други здравствени проблеми. Со ова се согласува и докторката Дебора Ли, која ги откри сите негативни последици што може да ги предизвика допирањето на очите со раце.

    Рацете не ни се секогаш најчисти, предупредува докторот, а доколку често ги триеме очите со раце би можеле да ја пренесеме инфекцијата од рацете на очите. Ова може да предизвика бројни инфекции како блефаритис, конјунктивитис, целулитис, кератитис и увеитис, пишува Индекс.

    Како што објаснува Ли, целулитот е инфекција што ја прави вашата кожа болна, топла и отечена. Може да биде многу сериозно ако го добиете во окото, вели NHS. Ако инфекцијата не се лекува на време, може да се прошири и на други делови од телото, како што се мускулите и коските. Во екстремни случаи, може да предизвика труење на крвта, познато и како сепса, кое може да биде фатално.

    Покрај разните опасни инфекции, можете да ја оштетите и рожницата на окото со триење на очите. Како што објаснува докторот, континуираното триење на рожницата може да предизвика ситни гребнатини на неа, наречени абразии на рожницата. Вашето око тогаш станува розево, болно и чувствително на светлина. Ли објаснува дека гребаниците на рожницата исто така можат да бидат многу болни поради многуте нерви лоцирани во областа. Ако го изгребете центарот на рожницата, тоа може да доведе и до оштетување на видот.

    Триењето на очите исто така може да ги влоши постоечките состојби. На пример, ако веќе сте кратковиди, можете дополнително да го влошите квалитетот на видот со триење на окото, предупреди д-р Ли. Кај луѓето кои имаат глауком, односно зголемен очен притисок, триењето на очното јаболко дополнително го зголемува веќе покачениот притисок и доведува до оштетување на оптичкиот нерв, што може да предизвика дополнително влошување на видот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img