More

    Подршката на Арсовска доведена во прашање???

    spot_img

    Причините поради кои функционерите од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки ги видовме во јавноста преку нивните изјави. Но, како партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и која застана со поддршка зад независната кандидатура на Арсовска искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од досега сработеното од градоначалничката и сметаме дека малку е реализирано, а може и треба да се испорачаат многу повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани.

    Ова го рече портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција, поврзани со вчерашните случувања со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

    – Поддршката која ја дадовме на почетокот кон Арсовска е темелена на принципи и секако ние таа ќе ја повлечеме тогаш кога ќе видиме дека тие принципи не се почитуваат. Ова значи дека во иднина само оние проекти, само онаа политика која е во функција на концептот модерно Скопје и која ја поддржуваме ќе биде одобрена и изгласана во Советот и секако ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, но исто така ќе го задржиме правото да бидеме жестоки критичари на нејзините политики кои излегуваат надвор од тој концепт ветен пред граѓаните. Искрено, би ѝ порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес-конференции, треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани – одговори портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img