More

    Поддршка за локалната самоуправа за обезбедување на хармонична училишна средина

    spot_img

    Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде што беше утврден случај на врсничко насилство.

    – Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова, всушност, е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција – соопшти МОН.

    Министерството наведува дека осудува секакво насилство во и надвор од училиштата и посочува дека во таа насока заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации, во континуитет работи на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликтите без насилство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img