More

    Почнува Европската недела на мобилност

    spot_img

    Од денеска до 22 септември во рамки на „Европска недела на мобилност” Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и МВР ќе реализираат низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот. Активностите почнуваат денеска во Битола.

    Кампањата е на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот Во периодот од 16 до 22 септемвриод. Таа има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот.

    – Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови. Секојдневно користење на велосипед е неспоредливо поевтин начин на урбана мобилност од кое било друго превозно средство со бесплатно место за паркирање, велосипедот претставува доминантно превозно средство на кратко растојание до 5 километри во урбана средина од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување до целта, а секој велосипед повеќе значи моторно возило помалку, што значи и намалување на сообраќајниот метеж и побезбеден сообраќај – вели Гордана Кожуваровска, претседателка на РСБСП.

    Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека возењето велосипед има многу бенефити и мора сите институции да го стимулираат на секој возможен начин, но мора и при управувањето на велосипед да ги почитуваме сообраќајните правила.

    – Евидентно е дека во последните години се повеќе се користат велосипедите и дека имаме се повеќе велосипедски патеки, што е за поздравување. Но, како и сите учесниците во сообраќајот, и велосипедистите мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Почитувајќи ги правилата ја обезбедуваме својата безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Ние во соработка со РСБСП продолжуваме со превентивните, но и репресивните активности во областа на сообраќајот, кои евидентно даваат резултати. 2021 година беше година со најмал број на жртви на сообраќајниците, а трендот на намалување на жртвите продолжува и во 2022 година – рече Ангеловски.

    И МВР во своето редовно полициско работење воведе и велосипедски патроли, составени од униформирани полициски службеници кои извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите. Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img