More

    Почина најстариот син на Че Гевара

    spot_img

    Камило Гевара, син на марксистичкиот револуционер и политичар Ернесто Че Гевара, почина во Каракас на 60-годишна возраст од срцев удар, објави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел.

    „Со голема тага се збогуваме со Камил, синот на Че и следбеник на неговите идеи“, напиша претседателот на својот Твитер.

    Кубанската новинска агенција Prensa Latina пишува дека Камило Гевара бил во посета на Каракас, каде што починал како последица на „пулмонална емболија која предизвикала срцев удар“.

    Роден во 1962 година, Камило беше најстарото од четирите деца на Ернест Че Гевара и неговата кубанска сопруга Алеида Марч, исто така револуционерка.

    Че имаше уште една ќерка – Хилда (почина во 1995 година), од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде.

    Камило Гевара Марч беше дипломиран правник и директор на Центарот Че Гевара во Хавана, институција која ги промовираше идеите на неговиот татко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img