More

    Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски

    spot_img

    Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски, човекот кој пет децении ја смееше македонската публика. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности, а причината сè уште не е позната. Засега е познато дека полицијата го пронашла безживотното тело во неговиот дом. Веста ја пренесоа повеќе медиуми.

    Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.
    Кариерата ја почна за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните јуословенски простори.

    За денот на независноста 8 Септември во 2017, тој ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито. Настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img