More

    Почина Анџела Ленсбери, една од легендарните холивудски ѕвезди

    spot_img

    Почина Анџела Ленсбери, една од легендарните холивудски ѕвезди. Таа имаше 96 години.

    „Децата на Анџела Лансбери со тага објавуваат дека нивната мајка починала мирно во сон дома во Лос Анџелес во 1:30 часот наутро во вторник, 11 октомври 2022 година, само пет дена по нејзиниот 97-ми роденден“, се вели во соопштението на нејзиното семејство до магазинот „Пипл“.

    „Таа ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг Питер Шо, со кој беше во брак 53 години“, пишува „Скај њуз“.

    Публиката ќе ја памети по улогите во остварувањата „Самсон и Далила“, „Мери Попинс се враќа“, „Гринч“ и други, а на прославата на 25-годишнината од „Убавицата и ѕверот“ на „Дизни“ ја изведе насловната песна на овој цртан филм.

    Родена во Лондон, таа освои пет награди Тони, а своите пејачки способности ги пренесе од Бродвеј на филмското платно во анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“, каде што и го позајми гласот на г-ѓа Чајник.

    Таа веќе имаше долга и успешна кариера кога ја прифати улогата што ја памети светот, писателката на крими-романите Џесика Флечер во серијата „Убиство, таа напиша“. Таа серија се емитуваше 12 сезони, од 1984 до 1996 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img