More

    Петков: За новата Влада нема да преговарам со Борисов, Трифонов, ДПС и со Преродба

    spot_img

    Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, во понеделник наутро ќе ја поднесе својата оставка од фунцијата, а за нова владина коалиција ќе зборува само со одредени пратеници. Тој изјави дека ќе побара поддршка од осуммината кои го напуштија „Има таков народ“ на Слави Трифонов, но не и од Трифонов.

    Во спротивно, Петков рече дека Бугарија ќе оди на избори.

    – Јасно кажавме дека има неколку луѓе со кои не би преговарале – тоа се Бојко Борисов, Пеевски и ДПС, Костадин Костадинов – како и Слави Трифонов. Колку што знам, Тошко Јорданов не може да направи ниту чекор, ниту еден збор да каже без Слави Трифонов, па за жал нема да можеме да разговараме ниту со него. Нема смисла бугарското општество да влезе во уште една агонија, ако задкулсни играчи уште може да ги контролираат средствата што треба да одат кај народот, а не кај неколку фирми, како што беше досега со Има Таков Народ – изјави бугарскиот премиер во заминување.

    Петков рече и дека борбата со мафијата треба да биде инструмент во една богата земја и дека тој ја смета Бугарија за богата земја во која „средствата треба да се трошат правилно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img