More

    Петков го најави новиот гасовод во Бугарија

    spot_img

    Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска ја посети грчката маршрута на гасната врска меѓу Грција и Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека сите цевки се поставени и доколку гасоводот се заврши до крајот на јуни веќе во септември азербејџанскиот гас целосно ќе може да влезе во комерцијална употреба.

    Според Петков, сите цевки се поставени, а мора да се постават и каблите што ја контролираат трасата.

    -Физичката инфраструктура на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е веќе распоредена, а во моментов се врши хидраулично тестирање, што значи дека изградбата е многу напредната, што ја потврдува тезата дека во последните три месеци е направено повеќе отколку во последните година – рече Петков, кој изврши увид во изградбата на интерконекторот во реонот на градот Комотини, во северна Грција.

    Завршувањето на овој проект е многу важно, бидејќи кога зборуваме за диверзификација, тоа значи пониски цени на гасот, парното и следната зима ќе има помал ценовен притисок во Бугарија.

    Петков додаде дека ја минал целата траса и го знаел секој метар од неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img