More

    Песната што го понесе српскиот претседател слави криминалци што пукаат во полиција

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави ново видео на својот профил на ТикТок на кое додека вози го вклучува радиото и почнува да пее. Сепак, корисниците на социјалните мрежи препознаа дека се работи за песната „Rap das Armas“, која е забранета во Бразил бидејќи го велича убивањето на полицајци во фавелите.

    Вучиќ, кој неодамна активно ја користи мрежата ТикТок, објави видео на кое го обиколува автопатот и ги фали успесите на партијата на која до неодамна беше претседател.

    Но, на почетокот на тоа видео српскиот претседател го вклучува радиото и почнува да пее и да игра на делот од песната „парапапапа“, за која корисниците на социјалните мрежи велат дека е ономатопеја, поточно имитација на пукање во полиција.

     

    Станува збор за песна која е забранета во Бразил, токму поради оваа причина – дека промовира насилство врз силите на редот и законот. Песната стана многу популарна во таа земја благодарение на филмот Елитна единица (Elite Squad).
    Станува збор за специјалната полициска единица која секојдневно упаѓа во фавелите за апсење на наркодилери, но и за оружјето кое е популарно меѓу дилерите, како и за конфликтите меѓу дилерите и полицијата.

     

    Песната ја изведуваат Ем-си Сидињо и Ем-си Дока, двајца следбеници на стилот „проибидео“ кој е законски забранет поради величење на криминални активности.

    Затоа, и покрај популарноста, оваа песна никогаш не била пуштена на бразилските радио станици, додека по две недели била отстранета и од филмското це-де.
    По лавината коментари на социјалните мрежи, српските медиуми го поставија прашањето дали Вучиќ воопшто знаел нешто за песната што толку радосно ја потпевнува. Како и забелешката дека не се знае што е полошо за српскиот претседател – дека знаел, па пеел или дека воопшто немал поим за што е оваа морничава песна што расположено ја потпевнува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img