More

    Пензиските фондови располагаат со најмногу пари

    spot_img

    Панзиските, осигурителните и инвестициските фондови и финансиските и лизинг друштва  во вториот квартал од годинава располагале со вкупно 169.5 милијарди денари (2,75 милијарди евра), што претставува квартален раст од 677 милиони денари, покажува последниот извештај на Народната банка.

    Најголемо учество и натаму имаат пензиските фондови со 64,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 18,6%.

    „Вкупните средства на овие финансиски институции , во вториот квартал од годината, остварија раст од 0,4%, на квартална основа во најголем дел под влијание на зголемувањето на средствата на осигурителните друштва, а во позитивна насока влијаеја и повисоките средства на финансиските и лизинг друштвата (со речиси подеднаков придонес), во услови на пад на средствата на инвестициските и пензиските фондови. Анализирано на годишно ниво, растот изнесува 11,1%, главно поради повисоките средства на пензиските фондови, при позитивен придонес и на средствата на останатите потсектори“, се наведува во извештајот.

     

    Фондовите, финансиските и лизинг друштва, најголем дел од парите или 50,7 отсто вложиле во  должнички хартии од вредност, 24,3 отсто во сопственички хартии од вредност и 10,2 отсто во пласмани во валути и депозити.

    „Вложувањата во должнички хартии од вредност се и главниот носител на годишниот раст во услови на раст, но помал и кај сопственичките хартии од вредност“ се вели во извештајот.

    На страна на обврските, најголемиот дел им припаѓа на техничките резерви на осигурување 57,7 отсто и капиталните сметки 32,9 отсто.

    „Растот на обврските на квартална основа се објаснува со зголемувањето на техничките резерви на осигурување, во услови на пад кај капиталните сметки. Годишниот раст во најголем дел се должи на повисоките технички резерви на осигурување, при позитивен придонес и на останатите категории“, се наведува во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img