More

    Пендаровски не исклучува можност да стави вето на некоја од законските измени

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски ќе чека да ги види финалните верзии на предложените измени на осумте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д пред да одлучи дали ќе ги потпише нивните укази, односно дали ќе стави вето. Според него, во сегашните верзии на законите, коишто се во собраниска процедура, има спорни одредби.

    – Додека не ја видам конечната верзија на законите не можам да размислувам за вето. Морам да ви кажам дека последниве денови имав прилика да видам дел од тие предлози на закони, беа девет, едниот го повлекоа. Од овие осум, дел од нив во некои одредби се спорни – изјави претседателот на државата за централниот дневник на телевизија „Сител“.

    Уставен суд кажа дека 60 часовна работна недела е противуставна

    Според Пендаровски, најспорно е барањето во измените на Законот за работни односи за шеесетчасовна работна недела.

    – Ова е најспорно и мене ме зачудува зошто таква одредба е ставена. Може нема да издржи до крај, меѓутоа видовме вчера и затоа немаме потврда дали договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ е навистина потпишан со тие клаузули „ако не се овозможи шеесетчасовна недела во тој и тој рок“ дека ќе има пенали кои се милионски во евра. Ме чуди затоа што Уставниот суд има донесено одлука пред неколку месеци во која вели дека „работна недела подолга од 40“, по исклучоци може само осум часа да работиш, е неуставна. И сега тоа да го ставиш повторно во закон за кој знаеш дека е сигурно неуставен, односно одредбата е неуставна, и за тоа ако не го исполниш да платиш педесетина милиони евра, тоа е прилично неодговорно – вели претседателот.

    Ако тоа остане во конечната верзија, според него, би ни се случило истото што ни се случи со договорот за ОКТА пред дваесетина години, кога државата се обврза да купува 500 илјади тони мазут, па поради неисполнување на обврските Хеленик Петролеум тужеше и доби пред Арбитражниот суд.

    – Невозможно е да определите нешто надвор од Устав. И покрај филибастерингот кој гледам дека се случува од страна на некои опозициски партии, постои и друг начин со аргументи да се убедиме дека тоа треба да се повлече како одредба – вели Пендаровски.

    Според Пендаровски, спорна е и одредбата од измените на Законот за експропријација со којашто се прави обид да се поништи двостепеноста што е уставно загарантирана категорија. И тука, вели тој, доколку граѓанин добие во втор степен спор за експропријација на имот, пеналите треба да ги плати државата.

    – Такви одредби има и предлагам сите пратеници, особено оние кои го предлагаат, добро да ги погледаат – апелира шефот на државата.

    Дискутабилен е и тендерот за надзор

    Пендаровски вели дека „Бехтел“ е компанија стара 125 години и меѓу најголемите 100 градежни компании во светот, а дека неколкуте негативни искуства што ги имала оваа компанија во земјите од регионот, од Романија до Црна Гора се исклучоци од правилото.

    – Зошто се случуваат овие исклучоци каде што има злоупотреби и криминал? Само ако наидеш на локални авторитети кој се податливи за тој тип на „муабет“ – вели Пендаровски.

    За делот предвиден за надзорот на изградбата, Пендаровски вели дека 90 отсто од компаниите се со беспрекорно портфолио, но оти за две има јавни сомнежи.

    – Едната од нив, според јавно достапните документи, нема никакво искуство во таа област, а другата е формирана, ако не се лажам, пет дена пред или пет дена по објавувањето на тендерот. Значи нема искуство во таа област. Мене ми се чини дека за луѓето во Бехтел, за американската Амбасада, па и за САД како држава кои застанаа зад овој проект од почетокот, од Меморандумот за разбирање што се потпиша пред пет-шест месеци до денес, до отворањето на градежните работи, и за нив е битна репутацијата на една од најбитните фирми – рече Пендаровски.

    Тој верува дека постапката што ја започнала Антикорупциската комисија ќе се заврши до крај и дека тоа ќе наиде на поддршка од институциите.

    Одлуката за платите не може никако да се брани

    Одлуката за зголемување на платите на функционерите не може да се брани, кажувам како граѓанин не како претседател. Не може да се брани во време на кризи и кога замрзнувате животни продукти – рече претседателот Пендаровски.

    – Ковачевски уште лани најави дека ќе имаме еден системски закон, ако ја паметите неговата изјава дека не може никој, не смее оној кој е на државен буџет да има поголема плата од претседателот, од премиерот итн., тоа конечно да се доведе во завршница и да имаме т.н. нивелација на платите. Значи, да не именувам посебни агенции, дел од нив се познати… има 50 проценти поголема плата од мојата или од премиерот, независно кој е претседател или премиер. Премиерот најчесто ги поставува директорите таму и не е во ред да имате поголема плата од тој што ве поставува и пред кого треба и да одговарате – рече Пендаровски.

    И јас сум за уставни промени, но не со сила

    Претседателот не е оптимист за договор меѓу политичките партии околу уставните измени за кои од денеска е формирана работна група во која не учествуваат претставници на опозициските партии.

    – Ако кажам дека сум песимист, а сум, бидејќи тоа една година го зборувам во континуитет, пак некој ќе ми замери од Владата и ќе рече дека треба да правам атмосфера во која ќе напредуваме. Многу внимателно ги слушам сите политичари во Македонија што зборуваат јавно на таа тема. Кој е тој што ќе рече дека тука има некаков простор во кој можеме да се договориме? Јас не го гледам тој простор. Јас сум за уставни промени, не утре, туку денес, но како со сила да ги натераме тие луѓе да гласаат – рече Пендаровски.

    Тој оцени дека опозициските партии, пред сѐ ВМРО-ДПМНЕ, „тераат партиска политика, а не државна политика“.

    – Сакаат да дојдат прво на власт, па потоа да размислуваат за две третини. Од аспект на таа политичка партија тоа е легитимно, но од аспект на државата Македонија, тоа е лошо – рече Пендаровски.

    Тој смета дека нема амбиент и согласност за да свика лидерска средба на оваа тема.

    – Опозицијата вели дека нема намера да учествува за тоа Бугарите да ги ставиме во Уставот. А другата страна, Владата, вели немаме намера да одиме на лидерска средба ако зборуваме за комплетно прифаќање на хрватскиот модел, кој ние го надминавме и на уставно-правно ниво со 2001 и Охридскиот рамковен договор – рече Пендаровски.

    Тој не гледа проблем ако кон постојните шест делови од народи, покрај македонскиот народ, во Уставот се стават и делови од бугарскиот, црногорскиот, хрватскиот итн.

    – Ние зборуваме дека ако има повеќе набројани народи или делови од народи не се растура државата, не е опасност дека таа ќе оди во дисолуција – рече Пендаровски.

    Рано е да решам за повторна кандидатура

    Пендаровски не се изјасни дали ќе се кандидира на следните избори за шеф на државата, а не одговори ниту дали претседателските и парламентарните избори следната година треба да се одржат истовремено.

    – Не знам. Кога ќе дојде време веројатно ќе се изјаснам. Јас сум рекол важна ми е поддршката од коалицијата која во 2014 ми ја даде таа поддршка, не само од 2019, но далеку поважна ми е поддршката од граѓаните. Ако ја немам, нема да размислувам, но ако ја имам, можам да размислувам, заедно со политичките субјекти кои би сакале во тој период да ме поддржат – рече Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img