More

    Ова се земјите кои претрпеа најмногу земјотреси во последните 30 години

    spot_img

    Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 11.200, а илјадници згради беа уништени во земјотресот.Земјотресот беше еден од најсилните на оваа локација овој век, а беше предизвикан од судирот на евроазиската и африканската плоча во една од геолошки најактивните зони во светот.

    Само од 1990 година, Националната управа за океани и атмосфера има регистрирано 58 земјотреси во овој регион – четири од нив со магнитуда од 7 или повисоки, кои се сметаат за големи земјотреси кои обично предизвикуваат сериозни штети.

    Друга земја од регионот, Иран, исто така е меѓу земјите со најголема сеизмичка активност во последните три децении.

    Уште две азиски земји претрпеа стотици земјотреси во периодот од 1990 до 2022 година, а тоа се Кина и Индија.

    Статиста објави листа на земји кои претрпеа најмногу земјотреси во последните 32 години. На прво место е Кина со 182 земјотреси, потоа следи Индонезија со 161, па Иран со 108. На четврто место е Јапонија со 94 регистрирани земјотреси, потоа САД со 77 земјотреси, а на шесто е Турција со 58 земјотреси. На 7 место е Индија со 57 земјотреси, а на 8 место е Филипините кои во последните 30 години претрпеа 52 земјотреси.

    Што се однесува до Европа, Статиста пишува дека според бројот на регистрирани земјотреси во набљудуваниот период, најзагрозен регион е Италија, која во овој временски период ја погодиле 32 земјотреси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img