More

    Отворено светско првенство во Катар!

    spot_img

    Со спектакуларна церемонија беше отворено 22. издание на Светското фудбалско првенство. Церемонијата на стадионот Ал Бајт во катарскиот град Ал Хор ја отвори познатиот актер Морган Фримен.

    „Постои заедничка нишка на надеж, славење и почит. Фудбалот го опфаќа светот, ги обединува нациите во нивната љубов кон убавата игра. Она што ги обединува нациите, ги обединува заедниците“, рече популарниот актер.

    Следуваа претстави со традиционални катарски мотиви и презентации, а потоа беа истакнати 32-те знамиња на земјите учеснички на овогодинешното првенство. Се слушаа многубројни навивачки песни, а меѓу нив беше и „Волим те Хрватска“.

    Јунг Кук, азиската музичка ѕвезда и катарскиот пејач Фахад Ал Кубаиси отпеа една од официјалните песни на СП во Катар 2022 „Сонувачи“.

    Емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани се обрати до целиот свет и го отвори Светското првенство во Катар.

    „На сите екипи и учесници им посакувам прекрасен спортски настап и уживање за сите. Нека бидат овие денови кои сите нè инспирираат со добрина и надеж. Среќно на сите“, рече тој.

    Првиот натпревар на Мундијалот е на програмата денеска од 17 часот по наше време, а се среќаваат домаќинот Катар и Еквадор.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img