More

    Отишол во Ротердам на состанок на Европската народна партија

    spot_img

    Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој е под истрага за можно предавство на земјата, доби дозвола да ја напушти Украина на граничен премин со Полска за да присуствува на политички состанок, објавија денеска локалните медиуми.

    Порошенко е под истрага за врски со финансирањето на проруските сепаратисти во источна Украина со нелегална продажба на јаглен во периодот од 2014 до 2015 година, иако тој негира дека е виновен за било што.

    Украински судија во јануари го одби обвинителското барање за апсење на Порошенко поради поврзаност со случај за кој поранешниот претседател тврди дека бил организиран од неговите политички противници.

    Весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека Порошенко, кој веќе во два наврати беше спречен да ја напушти земјата, отишол на состанок на Европската народна партија во Ротердам.

    Викторија Сјумар, адвокатка од неговата „Европска партија“, на Фејсбук потврди дека поранешниот претседател ја напуштил земјата за средба во странство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img