More

    Осомничените во случајот со Данка пренесени во Специјалната болница во Белград

    spot_img

    Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, објави српски Мондо.

    Кон средината на април беше најавено дека осомничените за убиството на Данка ќе бидат испратени на психијатриско вештачење веднаш штом ќе се исполнат условите. Вишото јавно обвинителство во Заечар тогаш нареди осомничените да бидат доведени во Специјалната затворска болница на психијатриско вештачење. Покрај психијатриското вештачење на осомничените, обвинителството презема уште најмалку 5 доказни дејствија.

    Двајцата се осомничени дека првин го удриле девојчето со службено возило, а потоа го задавиле и го сокриле нејзиното тело кое до ден денеска не е пронајдено. Вишото јавно обвинителство во Заечар работи на истовремено сослушување на неколку сведоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img