More

    Изби пожар во Дом за стари лица во Банско

    spot_img

    Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека синоќа околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Домот за стари лица во селото Банско.

    Корисниците биле безбедно евакуирани, а откако пожарот бил изгасен, биле вратени назад.

    Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарно возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот.

    Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани.

    Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img