More

    Османи: Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот

    spot_img

    Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот – изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје, во одговор на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, за тоа дека и бугарската страна бара да биде информирана за начинот на кој Бугарите би биле внесени во Уставот на Македонија.

    – И за Комисијата, којашто е формирана во Министерството за правда, работата ќе биде многу лесна, затоа што треба само да го земе Протоколот. Таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката, а пред зборовите „и други, да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени – Хрвати, Бугари, исто како и останатите. Не може да има разлика од тоа како се впишани другите – рече Османи.

    Тој искористи прилика да реплицира на шпекулациите дека неговиот бугарски колега Николај Милков во НАТО побарал од него да биде дел од комисијата.

    – Сакам и тоа да го расчистам бидејќи немав прилика. Тоа што Милков ми го кажа на церемонијата за подигање на финското знаме, беше дека наводно слушнале шпекулации дека ние сме презентирале на одредени држави формулации за уставните измени, бидејќи сакаат и тие да бидат информирани за тоа, за да нема недоразбирање. Тоа беше неговиот коментар, на што јас му одговорив дека прво, не е точно дека некому сме презентирале нешто, затоа што комисијата се уште не е состаната. Второ, дека не може да има недоразбирање, затоа што точно во Протоколот стои како ќе изгледаат уставните измени, и во кои делови од Уставот ќе бидат измените, и трето, дека ќе има јавна дебата за тоа, па сите ќе бидат подеднакво информирани – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img