More

    Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава

    spot_img

    Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица. Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот како последица од незапамтеното силно невреме во главниот град, покажуваат податоците кои Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги обезбеди од сите 11 компании за неживотно осигурување.

    Најголемиот број на пријавени штети врз осигуран имот во една компанија изнесува 117 од кои 97 се штети врз имот на физички лица.
    Заклучно со крајот на август годинава има 67.420 активни договори за осигурување имот на територијата на градот Скопје кои со осигурителните компании ги склучиле граѓани и компании.

    Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, чии објекти претпреа значајна јавно видлива штета, го осигурал имотот кај една од компаниите и договорот е склучен со франшиза (самопридржај) од 100.000 евра. Франшизата значи дека двете страни се согласни осигурителната компанија да покрие само штети поголеми од 100.000 евра, а осигуреникот сам да покрие штета доколку нејзината вредност е пониска или иста со износот утврден со франшизата.

    Воедно овој трговски центар има осигурување и од професионална одговорност, а полиси за осигурување имот имаат и одреден број закупци на деловни единици, информираа од осигурителните компании

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img