More

    Опозицијата тврди дека наплатените хонорари се 7 пати повисоки од вообичаеното

    spot_img

    Конзорциумот ИРД – Ептиса – Електра Солушн – Евро Консалтинг за четири лица за еден месец наплатил 900.000 евра за составување на договорот со изведувачот на Коридорите 8 и 10Д – тврди ВМРО-ДПМНЕ и бара Јавното обвинителство да отвори истрага за овој случај.

    „Четири лица ангажирани преку овој Конзорциум поединечно наплатиле по 225.000 евра за еден месец ефективна работа. Дополнително, до крајот на проектот на истите четири лица треба да им бидат префрлени уште по 75.000 евра по човек. Цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до седум пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти“ – тврди ВМРО-ДПМНЕ.

    Најголемиот дел од парите, потсетува партијата, ќе поминат преку Електра Солушн.

    „Оваа фирма, Електра Солушн, која произведувала долна облека, од вкупно 22 милиони евра ќе добие 8.3 милиони евра, а истата кога бил распишан јавниот повик за доставување на понуди за учество на тендерот воопшто немала ниту лиценца. ЈО мора да отвори постапка и да утврди како фирма која немала ниту лиценца и произведувала долна облека, сега е главна фирма за надзор на проект тежок милијарди. ЈО мора да утврди која е вистината зад Електра Солушн. Премногу е бледа приказната дека странски фирми за надзор ја контактирала за тендерот, кога таа воопшто не е од областа. Дополнително уште посимптоматично е како истата се поврзува со фирми со руски врски кои го добиле првиот тендер, од каде има преземено и работници. ЈО не смее да молчи. Очекуваме отворање на постапка, сè друго ќе значи соучесништво“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img