More

    ОН ја повика Москва да прекине со нападите врз населените области

    spot_img

    Обединетите нации го осудија денешниот руски ракетен напад врз центарот на градот Чернихив, во кој загинаа најмалку седум луѓе и ранети се над 100. Хуманитарната координаторка на ОН за Украина, Дениз Браун, го оквалификува нападот како „грозоморен“ и ја  повикува јМосква да ги прекине нападите врз „населените области“.

    Во нападот рано утрово беше погоден драмскиот театар на централниот плоштад во Чернихив.

    – Грозоморно е да се напаѓа главниот плоштад на голем град, наутро, додека луѓето се шетаат, некои одат во црква за да го прослават верскиот ден за многу Украинци – рече Браун.

    Координаторката на ОН мислеше на православниот празник Преображение Господово што го рпославуваат денеска православните христијани и мнпгумина од жителите на Чернихив присуствуваа на црковните служби утрово кога Русиет го ракетираа централниот плоштад.

    – Ја осудувам оваа повторена шема на руски напади врз населените области во Украина, што предизвикуваат смртни случаи, масовно уништување и зголемени хуманитарни потреби. Нападите насочени против цивили или цивилни објекти се строго забранети според меѓународното хуманитарно право. Тоа мора да престане – повика хуманитарната координаторка на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img