More

    Од 1 септември домашното сирење ќе се продава по повисоки цени

    spot_img

    Од 1 септември домашното сирење ќе се продава по повисоки цени. Сточарите кои произведуваат домашно сирење без додатоци во своите млекарници на бачилата најавуваат дека цената ќе ја зголемат за околу 30%. Група сточари од Брегалничкиот регион велат дека корекцијата на цената во нагорна линија ќе ја направат деновиве или до 1 септември.

    Домашното сирење во моментот го продаваат по цена од 500  денари за килограм, а со најавеното зголемување се очекува максималната цена да достигне и до 700 денари за килограм. Причините за најавеното зголемување е што немаат работници, потоа климатските промени, а сирењето, како што наведуваат за МИА, го прават 100%  природно без додатоци.

    -Токму од овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови, а резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стади на овци – велат сточарите од Брегалничкиот регион.

    Посочуваат дека ако пред пет години во Малешевијата, најголемиот сточарски регион во источна Македонија, биле евидентирани 16 000 овци, сега нивниот број е речиси преполовен или, според нив, изнесува над 8000 овци.

    Тие упатија и апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се коригира рокот за чување на пријавените овци, од 1 декември на 1 октомври.

    фото:МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img