More

    Обвинителството отвори предмет по допрен глас

    spot_img

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите во медиумите поврзани со изградбата на автопатите, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејства и ќе изврши проверки по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката – соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чие чело од неодамна е обвинителот Ислам Абази од Гостивар.

    За вршење надзор над изградбата на коридорите 8 и 10Д, Владата го ангажира конзорциумот предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“ со објаснување дека надзорот ќе го вршат меѓународни експерти. За надзор се предивдени да се исплатат 22,3 милиона евра, од кои повеќето ќе бидат наменети за домашните партнери во конзорциумот „Електра солушн“ и „Евроконсалтинг.

    ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати објави дека „Електра солушн“ е компанија што произведувала долна облека, кусо време се занимавала со услуги поврзани со информатичка технологија и компјутери, а од лани како дејност пријавила други градежно-инсталатерски работи и никогаш досега не вршела надзор. Лиценцата за вршење надзор ја извадила по распишување на огласот за коридорите во рекордно кус рок.

    За „Евроконсалтинг“ опозицијата тврди дека е сопственост на лице со криминално досие, Бранислав Димитриевиќ, уапсен во Хрватска во април 2021 година, врз основа на потерница од Интерпол. Неговиот син, Зоран Димитриевиќ, раководител во компанијата од 2021 година, бил ангажиран и од компанијата „Ептиса“, која исто така е дел конзорциумот што ќе вршат надзор врз работата на изведувачот на коридорите, американско-турската корпорација Бехтел и Енка. Се проценува дека проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д ќе чини 1,3 милијарди евра во тек на 5 години, не зметајќи ги парите за експропријација на приватното земјиште што се наоѓа на трасите.

    Владата на 8 март го потпиша договорот и покрај предупредувањата во медиумите и острите критики од опозицијата. Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е дел од владината комисија за надзор и контрола, по потпишувањето на договорот, замоли да не се лепат етикети на избраните компании и повика секој што има какви било информации и сомневања, да ги достави до Јавното обвинителство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img