More

    Објавен „синџир“ на милиони кои од Кина и Романија стигнувале кај Бајденовци

    spot_img

    Над 10 милиони долари му биле исплатени на семејството на американскиот претседател Џо Бајден од Кина во сложена коруптивна шема во која е вмешан и српскиот политичар Вук Јеремиќ, кој фаќал врски да стане генерален секретар на САД, откриваат банкарски документи кои беа објавени од Надзорниот комитет на Претставничкиот комитет на САД, пишува Си-Ен-Ен.

    Документите биле добиени преку судски повик.

    Според она што го изнесе претседалот на Комисијата, Џејмс Комер, кој инаку е опозиционер од редовите на Републиканците, дел од зделките се случувале и во Романија, а парите биле давани за обезбедување на влијание. Прв на удар во овој скандал во САД е синот на Бајден, Хантер Бајден, за чии врски со кинеските нафтени магнати се шпекулира подолго време.

    20 друштва со „ограничена“ одговорност

    На пресконференција американските власти објавија дека шемата е дизајнирана да биде комплицирана за да не може да се следат парите. Тие биле исплатени во времето кога Џо Бајден беше потпретседател на САД.

    – Овие луѓе не дошле кај Хантер Бајден затоа што ја разбирале светската политика или сатоа што има искуство во неа, или дека ги разбирале кинеските бизниси. Тие го побарале (Хантер) поради вратите кои го отвора неговото презиме – рече републиканката Ненси Мејс за време на прес-конференцијата.

    Републиканската пратеничка Марџори Грин Тејлор на Твитер објави дел од трансакциите велејќи дека семејството Бајден создало мрежа од 20 „друштва со ограничена одговорност“ за да си купува влијание по светот.

     

     

    Јеремиќ му пишал на Хантер да му фати врска за во ОН

     Во објавениот Меморандум од Надзорната комисија се вели дека Хантер ги искористил своите семејни врски за да помогне да се олесни состанокот меѓу Вук Јеремиќ и Колин Кал, тогашниот американски советник за национална безбедност на потпретседателот. Колин Кал во 2016 година бил помошник во канцеларијата на Џо Бајден.

    Според документот, Јеремиќ во јуни му пишал е-мајл на синот на Бајден, Хантер, и на неговиот соработник, Ерик Шверин барајќи „да се сретнат со Колин Кал, советникот за национална безбедност на претседателот “ во врска со изборите за генерален секретар на ОН.

    Шверин го предупредил Хантер Бајден да „размисли како сака да одговори“ на е-мајлот.

    Подоцна, во нов е-мајл од месец јули Јеремиќ напишал:

    „Средбата со Колин не траеше многу долго, но не помина премногу лошо, мислам. Она што е неоптимално е дека ОВП се чини дека е надвор од јамката на одлучување за прашањето за изборите на ОН. Колин вети дека ќе биде подобро информиран за тоа што се случува во моментот“, се вели во извештајот.

    Јеремиќ изгуби од Антонио Гутереш за генсек на ОН. Во моментот Јеремиќ е активиран во опозицијата во Србија.

    Колин Кал уште не ги коментираше овие наводи, додека адвокатите на Јеремиќ рекле дека нема да соработуваат со Комисијата на барањето да достават документи и да сведочат затоа што под знак прашалник е кој е овластен за истрага и затоа што правилата на Претставничкиот дом ги ограничуваат поканите за лица „во Соединетите држави“.

    Вук Јеремиќ

    Милиони течеле од Романија за Хантер

    Големите суми во Меморандумот се однесуваат на трансакции од Романија. Романецот Габриел Поповичиу кој користел услуги за правни консултации од адвокатска фирма на синот на Бајден, Хантер, наместо да ѝ плаќа пари на сметка на фирмата, му плаќал директно на Роб Вокер, соработник на Хантер.

    А сетоа ова се случило не повеќе од пет недели откако таткото на Хантер, Џо Бајден имал средба со тогашниот претседател на Романија, Клаус Јоханис, во 2015 година.

    Банкарските записи говорат дека Вокер примил повеќе од 3 милиони долари во периодот од ноември 2015 до мај 2017 година, но и приближно 1 милион долар во неколку наврати на име на Хантер Бајден, на име на неговиот, неговиот деловен соработник Џејмс Џилијан и на Хали Бајден, вдовицата на најстариот син на претседателот, Бо Бајден, кој почина во мај 2015 година.

    Познато е дека Хали и Хантер Бајден беа во романтична врска одреден период по смртта на Бо.

    Кинеските нафташи си купувале влијание со долари

     Меморандумот, исто така, наведува банкарска евиденција за тоа дека двајца кинески државјани исплатиле 100.000 долари на професионалната корпорација на Хантер Бајден преку енергетска компанија поддржана од Кина. Републиканците тврдат дека барем еден од тие лица имал врски со Комунистичката партија на Кина.

    Во меморандумот се наведува дека двајцата кинески државјани биле поврзани со ЦЕФЦ, кинески енергетски конгломерат кој имал деловни односи со Хантер Бајден. Републиканците од Комитетот тврдат дека едно од поединците „го користел ЦЕФЦ за да поткупи и коруптивно да влијае на странски функционери“.

    Комер претходно откри дека членовите на семејството на Бајден индиректно добиле нешто повеќе од 1 милион долари од кинеската компанија „State Energy HK Limited“.

    А, не му било првпат на Вокер да добива милиони од Кина. Во 2020 година, Републиканците во Сенатот во САД, открија како Вокер прераспределувал 3 милиони долари од кинеска компанија.

    Сега пак, во новиот Меморандум се вели дека дел од тие пари Вокер ѝ испратил на Хали Бајден на непозната банкарска сметка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img