More

    Американката Ричинс цела година беше на слобода

    spot_img

    „Дали си со мене“ гласел насловот на бестселерот за деца кој го напишала Американката Кури Ричинс(33), осомничена дека лани во март го отрула својот сопруг со фентанил, пишува Асошиејтед прес. Таа во понеделникот беше уапсена во Јута.

    Како се случило труењето? Минатиот март Кури од својот дом во државата Камас среде ноќ ја повикала брзата помош велејќи дека нејзиниот сопруг Ерик бил „ладен на допир“. Ерик бил најден мртов. На распитот во полицијата оваа мајка на три деца тогаш изјавила дека му спремила вотка на сопругот за да ја прославата успешната продажба на куќата, а дека кога се вратила во собата откако ги заспала децата го пронашла онесвестен.

    Подоцна, медицинскиот истражител открил петпати поголема смртоносна доза на фентанил во неговото тело.

    Требало да поминат два месеци за да биде покренато обвинение за Кури. Полицијата се посомневала во неа откако анонимен познаник на жената рекол дека ѝ продавал дрога. Во тоа време Кури веќе била позната авторка и писателка. Се имала и појавено на телевизија да ја промовира книгата, а на прашањето за смртта на Ерик рекла дека тоа  е „неочекуван настан што длабоко ги потресол неа и нивните три сина“.

    – Им објаснувам на децата дека иако тој повеќе не е со нас во физичка форма, тоа не значи дека неговото целосно присуство исчезна – ѝ рекла таа на водителките на емисијата.

    Адвокатот на Кури Ричинс одби да ги коментира тужбите против својата клиентка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img