More

    Нова верзија на државата, со сопствена војска и морнарица

    spot_img

    Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина, пишува Б92.

    – Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководството на руското и на украинското министерство за одбрана – изјави Медински за новинарите.

    Темата за денацификација на Украина останува на преговарачка маса, појасни Медински.

    – Темата за денацификација и построго казнување за величање на нацизмот, неонацизмот, екстремизмот сè уште е важна точка на преговарачката агенда – рече тој, како еден од условите на Москва.

    Шефот на руската делегација потсети дека „Украина се уште има неутрален статус“, пишува Телеграф.

    – Украина се повлече од Советскиот Сојуз во 1991 година под услов на неутралност, а таа неутралност е запишана во Декларацијата за суверенитет на Украина – нагласи тој.

    Медински потсети кои се најважните прашања за Москва.

    – Секако, клучното прашање за нас е статусот на Крим и Донбас, како и хуманитарните прашања, вклучително и денацификацијата, правата на населението што зборува руски и статусот на рускиот јазик и така натаму – рече тој.

    Истовремено, Медински ги демантираше изјавите од Киев за исклучување на точката за денацификација на Украина од преговарачката агенда.

    Друг член на руската делегација изјави и дека преговорите со Киев се тешки и бавни, но дека ставот на Москва не е променет. Тој нагласи дека „буквално секоја бројка, секоја буква во договорите се разговара со украинската страна со посебно внимание“.

    – Сакаме ова да биде договор со генерации, за нашите деца да живеат во свет чии темели се поставени со овој договорен процес – објасни Медински.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img