More

    Нов гаф на Бајден, рече дека „повеќе од 100 луѓе“ починале од корона во Америка

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот одржа говор за менталното здравје и по тој повод го смени бројот на повеќе од еден милион жртви од коронавирусот во САД на „повеќе од 100 мртви“ на крајот од своето обраќање.

    Како што објавија американски Фокс њуз и британски Индипендент, Бајден најпрвин на почетокот на својот говор рече дека „пандемијата покажа потреба од многу поголема помош“, мислејќи на менталното здравје.

    – Повеќе од милион луѓе починаа од ковид-19. Тоа би значело дека зад нив стојат осум милиони луѓе кои им биле блиски – рече Бајден.

    Сепак, кон крајот на неговиот говор таа бројка драстично се промени.

    – Сè уште ја чувствуваме длабоката загуба предизвикана од пандемијата на, како што спомнавте, повеќе од 100 мртви луѓе. Тоа се сто празни столчиња на масата за јадење, секоја од тие загуби го претставува тоа. Многумина зад себе оставија скршени луѓе – рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img