More

    Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување

    spot_img

    Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување, соопшти неговиот адвокат.

    Десничарскиот милитант уби 77 луѓе, главно тинејџери, со пукање и со бомби во јули 2011 година, што е најголемо мирновременско злосторство во Норвешка.

    Брејвик, кој сега има 44 години, ја отслужува најдолгата затворска казна во Норвешка од 21 година, која може да му биде продолжена доколку се процени дека тој и натаму е закана за безбедноста.

    – Тој ја тужи државата затоа што е во екстремна изолација веќе 11 години и нема контакт со други луѓе освен со своите чувари. Минатата година беше преместен во нов затвор и се надевавме дека ќе има подобри услови и дека ќе може да запознае други луѓе – рече Ојстеин Сторвик, адвокат на Брејвик.

    Сторвик рече дека очекува Окружниот суд во Осло да ја разгледа тужбата напролет.

    Во 2017 година, Брејвик го загуби случајот за човекови права кога апелациониот суд ја укина пресудата на понискиот суд дека неговата изолација во ќелија со три соби е нехумана.

    Минатата година норвешкиот суд исто така го одби неговото барање за условно ослободување, велејќи дека тој сè уште претставува ризик од насилство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img