More

    Претставници на пекарската индустрија велат дека од септември е неопходно ново поскапување на лебот

    spot_img

    Претставници на пекарската индустрија велат дека од септември е неопходно ново поскапување на лебот, доколку државата не помогне за оваа индустриска гранка да не трпи големи загуби поради високите цени на пченицата на светските берзи, како последица на излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито.

    – Од крајот на јули, по излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите се зголемија за 10 до 15%. Исто така и покачувањето на млечните и месни производи има удел, затоа што и овие продукти партиципираат во пекарската индустрија. Внимателно се следи ситуацијата и секој производител утврдува дали ќе ги покачи цените или ќе продава по исти цени – изјави за Сител, Горан Ѓоргиевски, претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори.

    Оваа недела по нови повисоки цени се продаваат дел од млечните производи. Поскапе и месото, а откако беа одмрзнати маржите, по повиоски цени се продаваат и овошјето и зеленчукот.

    Бизнисмените апелираат фокусот на јавниот живот да се сврти кон економијата.

    – Државата мора да има сценарија за помош. До сега не беа направени квалитетни мерки за заштита на потрошувачите и бизнисот. Крајно сме изложени на влијанието на берзите. Сепак, мислам дека има простор за квалитетни одлуки во периодот кој доаѓа – рече Ѓорѓиевски.

    Повисоки цена од следниот месец ќе имаат и околу 1,000 производи кои државата ги смета за луксуз. Министерството за економија неодамна најави дека ако има потреба власта со нов пакет мерки ќе им помогне на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img