More

    Ноќните вишоци струја да се дадат на стопанството по производна цена

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека мерките што ги предлага владата се недоволни, задоцнети и популистички, а освен тоа не се поткрепени со повеќе од 30 милиони евра од буџетот. Затоа партијата нуди пакет од 5 конкретни мерки кои власта треба да ги земе предвид:

    1. Предлагаме вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.

    2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.

    3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.

    4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.

    5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .

    По правило пакет мерките кои ги предлага власта во време на криза или се задоцнети или се промашени или се обичен маркетиншки трик. И овој пакет мерки кој сега го преставуваат не ги решава суштинските проблеми на граѓаните и на стопанството, туку се само купување на мир за неколку емсеци. Вистината е дека реалната вредност на поддршката на владата не е 360 милиони евра, туку само 30 милиони евра. Како за споредба Хрватска во својот пакет есенски мерки предвиде реална поддршка од над 2,8 милијарди евра.

    Како резултат на лошите економски политики на власта Македонија има убедливо најниско ниво на раст на БДП и според прогнозите ќе ја завршиме годината единствено подобро од Русија и Украина. Тоа е поразително. Во исто време македонските компании плаќаат најскапа цена за електрична енергија во регионот, а граѓаните се соочуваат со една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Тоа значи дека стандардот тоне, а економијата умира“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img