More

    Ништо од заладувањето во есен: Европа ја чека неверојатен топлотен бран и во октомври?

    spot_img

    Иако сме навикнати есента да носи разладување, се чини дека Европа овој октомври ја чека топлотен бран. Европскиот континент летово доживеа немилосрдни топлотни бранови со температури од 40°C.

    Екстремните временски настани ги загрижија и научниците и жителите, а се почесто се наведува дека ваквите временски услови се резултат на климатските промени и глобалното затоплување.

    Шпанија, Италија и Франција се меѓу европските дестинации кои оваа година доживеаја екстремни горештини, а островите Родос и Сицилија беа зафатени од жестоки пожари. Хрватска се бореше и со екстремни горештини, топлотни бранови и пожари.

    Според NetWeather, дури и есента нема да донесе пониски температури – во некои делови од Европа тие ќе се искачат до речиси 40°C.

    Се предвидува дека најтешко ќе бидат погодени Шпанија и Португалија со температури од 37 степени, додека во југозападна Франција температурите ќе се искачат до 35 степени Целзиусови, пренесува Express.co.uk.

    Предвидениот топлотен бран во октомври доаѓа откако европските земји покрај Франција како Австрија, Белгија, Германија, Полска и Швајцарија го имаа најтоплиот септември досега.

    Ниту август не беше подобар. Август оваа година беше најтоплиот август досега на планетата, а северната хемисфера го доживеа најтоплото метеоролошко лето, објави американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA).

    Французите изјавија и дека во текот на септември неколку пати собориле рекорди и морале да издаваат предупредувања за топлотен бран. Слично беше и во Белгија. „Белгија никогаш не доживеала толку топол септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img