More

    Николас Кејџ во моментот снима филм во Торонто, Канада, а за улогата толку многу го променил својот изглед што речиси е невозможно да го препознаете

    spot_img

    Американскиот актер Николас Кејџ во моментот снима филм во Торонто, Канада, а за улогата толку многу го променил својот изглед што речиси е невозможно да го препознаете.

    Во комедијата „Сценарио на соништата“, на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запуштен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во сонот на сите луѓе на планетата. Ќелав и со седа брада, со очила, актерот е навистина тешко да се препознае.

    Во филмот играат и Џулијан Николсон, која неодамна доби Еми за улогата во филмот „Mare Of Easttown“, Дилан Бејкер, Кејт Берлант и Џенифер Вигмор.

    Популарниот актер и неговата сопруга Рико Шибата неодамна го добија своето прво дете, девојчето по име Август Франческа Копола Кејџ.

    „Николас и Рико се среќни што можат да го објават раѓањето на својата ќерка. Мајката и ќерката се добро“, потврди претставникот на парот за магазинот „Пипл“.

     

    Девојчето е прво дете на 28-годишната уметничка Рико, а трето на Николас Кејџ. Актерот ги има синовите Кал-Ел (16) и Вестон (31) од претходните врски.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img